Борење
Стара Загора, Бугарија е местото каде престојуваа младите борачи на БК 7 Мај Леов, Теодор Темелковски, Христијан Пенков и Марјан Мимичкоски, предводени од тренерот Илчо Марковски. Низ тренинзи и настап на Меѓународен турнир одработени се мини подготовките. Паралелно е повикана Катерина Мирческа за учество во репрезентацијата. Дебито ќе го има на 21 октомври на Балканијадата за кадетки во Бурса, Турција.