ЧЛЕН НА ПРИЛЕП ИГРА ЗА СВЕТСКИ ПРВАК!

Шах

Во септември 2021 година ШК Прилеп одигра во Европскиот шаховски клупски куп, а еден од неговите членови беше 15-годишниот Индиец, велемајсторот Домарају Гукеш. Токму тоа “чудо од дете”кое сега има 17 години, се бори за титулата светски шампион, оти го освои првото место на “Турнирот на кандидатите” во Торонто.

Противник на Гукеш ќе му биде Кинезот, 31-годишниот велемајстор Лирен Динг, поранешен член на скопскиот Алкалоид.

Loading