ШЕСТ БОДА НАД ОПАСНАТА ЗОНА

Фудбал: Победа

На пет рунди до крајот од Втората фудбалска лига се наѕира опстанокот на Победа. Прилепскиот тим е шест бода над опасната зона, над 14. место кое води во баражот, место на кое е кочанското Осогово. Ова го овозможи триумф на Победа со Караорман во Струга од 2:0. Стрелци се “децата”, 18-годишниот Дестан Адили и 16-годишниот Димитар Шаркоски. Натаму амбицијата е пласман место-две уште погоре на табелата. Можност за нови три бода е дуелот в сабота (16 ч.), дома со Вардар од Неготино, во 26. рунда. Мотив за успех е и враќањето на “долгот” од есеноска, кога неготинците дома победија со 3:2.

Табела: Беса 66, Пелистер 60, Детонит 52, Арсими 41,Охрид и Скопје 38, Башкими, Кожуф и Вардар Н. 34, Беласица 31, Новаци 28, Победа 26, Тетекс 24, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15.

Loading