УШТЕ ТРИ МЕЧА

Ракомет

Финишира плејаутот на Супер-лигата за мажи, Остана уште четири кола, но екипата Прилеп ќе одигра три. Причината е исклучениот Аеродром, тим кој ги губи сите мечеви службено, со 0:10. Така, по поразот од Мултиесенс во Скопје со 34:33, Прилеп го добива без борба Аеродром, за меч кој беше планиран викендов, а потоа се уште три меча. Редоследот е следниот: на 5 мај дома со Куманово, на 26 мај кај Вардар во Неготино и на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2. Целта е да се биде меѓу трите најдобри, за опстанок.

Табела: Куманово 26, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 24, Вардар Н. 18, Мултиесенс 17, Голден арт 13, Скопје 6, Аеродром -8.

Во Супер-женската лига, Деспина со 31:30 загуби од Скопје, во средата одигра дома со Овче Поле, а на 5 мај пак дома, со Шампион.

Loading