ЗАГИНА 20 ГОДИШНО МОМЧЕ

На регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај с. Новоселани, вчера околу 12 часот се случила сообраќајна несреќа в која животот го загуби 20 годишно момче.

Судирот бил помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20 годишното момче од с. Браилово – прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43 годишен жител од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот на возилото „бмв“, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил другиот возач, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп

Loading