ВЕЛИГДЕНСКИ ВАУЧЕРИ ОД 1000 ДЕНАРИ

Пензионерите – домаќини

По разграноците на Здружението на пензионерите веќе се направени списоците за хуманитарна помош на повеќе од 500 пензионери за Велигден со по 1 000 денари за набавка на  колонијални  и други производи. Годонава ќе се организираат десетина еднодневни екскурзии. Пензионерите ќе можат да си организираат екскурзии преку разграноците. Планирано е заедничко пензионерско дружење на два пикника со учество на повеќе од 400 пензионери од сите разграноци и тоа еден во мај и еден во септември.

Собранието на здружението на пензионерите ја оцени ланската година како тешко, но со домаќинско работење се исполнети програмските цели. Се работело активно и економично, особено при раст на давачките. Реализирани се сите проектирани активности на рганите  и  телата .

Највисокото тело изрази готовност за субвенционирање на пензионерите за бањско и климатско лекување. Стигнати се 275 барања, а Комисијата за здравство ќе го има последниот збор зависно од месечните примања и правилникот. Пензионерите со примања од 15000 денари ќе добијат дополнување на трошоците за лекувањето од 40 отсто, а оние до 19000 денари  20 проценти. Над 24000 денари само 10 отсто.

Loading