ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА БАБИТЕ

Во Точила

Пензионерите од Точила го одбележаа денот на бабите во својот клуб. Програмата ја збогатија учениците од ОУ “Блаже  Конески”.

Пензионерката Лилјана Русеска откри како е воспоставен овој светски ден, а учениците рецитираа лични творби посветени на нивните баби. Инспирирани од љубовта кон старите членови на семејствата, со програмата предизвикаа аплаузи, а пензионерите ги наградија со сок и чоколада.                                

Loading