НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП – 29.09.2023 – 06.10.2023

Овен: Претстојат подготовки за на пат или контакт со странство. Следи комуникативен и успешен период. Повеќе време посветете си   себе си и за одмор.

Бик: Ризикот се исплати. Ќе постигнете што сте замислиле, дури и повеќе. Партнерот ви подготвува изненадување. Полно убави моменти и радости.

Близнаци Повеќе време му посветувате на хобито отколку на работата. Работата ви здодеала и сакате промени. Со партнеротсте во ривалство, но ве очекува авантура. Предизвик.

Рак: Соработниците се обидуваат да ве исфрлат од такт. За чудо, тоа не им оди од рака. Доволно сте хармонични и јаки. На прослава или на седенка може да запознаете интересна личност.

Лав: Ќе завршите многу ситни работи кои ве оптоваруваат. Оние кои мечтаат, им следи уживање во прегратките на саканата личност. Трпеливо се излегува од кризата.

Девица: Сте заслужиле подобра работа и размислувате како да ја пронајдете. Колегите и немарноста ве избезумуваат. Прифатете ги  луѓето какви што се. Со мудрост ќе излезете од кризата.

Вага: Нетрпеливи сте во желбата да тргнете во нови потфати. Ја совладувате финансиската криза, но, неопходна ви е подобро платена работа. Ви треба малку топлина во заладените односи со партнерот.

Скорпија: Завршувате важен работен проект, што ве прави задоволни. Ве инспирираат јавното признание и добрата заработувачка. Некому му оди од рака да влезе во вашето срце и душа.

Стрелец: Не се жалите ниту од работа, ниту на заработувачка. Сé е нормално и  задоволително. Инертни сте на емотивно поле. Обидете се да ги слушнете потребите на другите.

Јарец: Бидете упорни и одмерени да остварите задоволителни резултати. Многу убави моменти наоѓате во креативната работа. Бидејќи по природа сте практични, обидете се овие два сегменти да ги соедините.

Водолија: Креативното мечтаење помага да постигнете завидни резултати. Обидете се помалку да зборувате, а повеќе да работите. Тешко ви е да бидете и спонтани и сериозни во исто време.

Риби: Не сте задоволни со работата, ниту со начинот на кој ја извршувате. Мислите дека можете повеќе и подобро. Се нервирате. Како и да е, не расипувајте ги убавите моменти со глупости.

Loading