ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗАТВОРОТ

Вработените во прилепскиот казнено-поправен дом протестираа два часа пред затворот и бараат да не се носат осуденици од висок ризик затоа што не се соодветни ниту бројот на вработените, ниту опременоста, а и местоположбата на институцијата. Вработените велат дека не отстапуват и ќе продолжат да протестираат секој ден од 12 до 14 часот.

Во затворот моментно има 54 вработени затворски полицајци, а според стандардите, требало да се двојно повеќе. Дел од вработените кои од страв и неможност да одговорат на потребата за обезбедување веќе се на боледување и избегнуваат извршување на работните задачи, а останатата половина е оставена на милост и немилост.

Затворските полицајци, членови на Независниот синдикат на полицијата реагирале до Управата за извршување на санкции, но директорот се оградил како ненадлежен.

Го известиле и министерот за правда.

Loading