Прилеп во полицискиот билтен

ОВР Прилеп
ОВР ПРИЛЕП

На 16 април во 12.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил опожарен дел од фасадата на угостителски објект сопственост на 21 годишен прилепчанец. Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Прилеп, вчера лишиле од слобода лице на 22 годишна возраст од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево лишиле од слобода лице на 73 години од Крушево. При претрес во неговиот дом во село во општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави, информираат од СВР Битола.

Loading