СИТЕ „ТАТКОВЦИ“ НА ПРИЛЕП

Од 1947 до 2024 година

Да се биде градоначалник посебно во Прилеп не е едноставно, зашто прилепчани сакаат “татко”, им да биде “отворен по душа и срце”. Што би се рекло, да се грижи за народот, човек со сите прилепски табиети кој ќе се стреми на создавање единство на сите луѓе. Човек со вештина, искуство, морал, чувство за правда и визијата за слобода. Да биде и човек од ,,збор”, со градска традиција.

Многуте претседатели, сега градоначалници, според кажувањата на луѓето, па и пишаните извори, поседувале високи интелектуални способности.

Постарите се сеќаваат на некои од претседателитњ на Собранието на Прилеп по 1944 година.

Боге Василевски (47-48) го памети како татко на првоборецот Илка Присаѓанка. Тој бил човек во години, без школска наобразба, попознат за човек од еснафот, домаќин. Му загинале син и ќерка во НОБ.

По него е тризломалецот Миле Димески – Коке. Тој бил учесник во нападот на участакот. Имал вонредно држење во затворот и по тоа пак се приклучува во НОБ.

Претседателот Коце Јованоски – Солунски бил тутунски работник. Подолго се задржал во Тутунскиот комбинат пред ослободувањето. Учествувал во штрајкот на монополските работници и во демонстрациите. Првите запишани зборови му биле со партизаните.

Подолго време прилепскиот општинскиот одбор го водел крушевчанецот Џоџа Николоски. Тој го осовременил градот со работилници, после фабрики каде се вработиле повеќе луѓе. Тој го отвори и булеварот. Иако не бил од прилепчанец, бил примен од граѓаните. Го сакале оти, градот се дотерувал. Бил љубител и  афирматор на спортот, спортист. Бил зафатен за споменичните обележја.

Прилеп посебно го ,,обелоденил,, за град Првоборец и херој претседателот на одборот Ристо Бунтески од Големо Коњари. Дарен бил за пишан збор. Напишал книга за Ченто.

Во 1965 година претседател на комуната станал инженерот Мате Ристески. Стопанството добило многу стручни кадри. Претпријатијата добиле современа технологија. Се граделе станови, улици и мостови. Подобрени биле условите во просветата и здравството.

Претседател бил и инженерот Мате Волнароски, скромен човек од градска занаетчиска фамилија. За негово претседателствување дошол Тито во Прилеп. Посветувал внимание на транспарентноста на Собранието. Често контактирал со граѓаните. Бил комуникативен, заговорник за демократизација, односно децентрализација. Иницирал ред по напливот на диво градење. Со него тргнала градбата на болницата.

Во 1969 година В.Д. претседател бил Борка Јорданоски – директор на Пиварницата.

На почетокот на седумдесеттите Андон Тошески е избран за претседател. По него дошол Благоја Козар. Тогаш бил распишан референдум за интеграција на земјоделството и тргнала градбата на канализацијата.

Вода за пиење да се носи од Студенчица побарал Живко Магдески. Почнале повеќе комунални зафати. Бил воздржан човек, малку зборувал, а многу работел. Со него се донел денешниот амблем на Прилеп, во креација на Максим Диманоски, а Тито го одликува градот со Орден ,,Народен херој,,. Бил упорен за доградбата на домот за старите, болницата, домот на културата. По референдумот за самопридонес за вода за пиење, во 1978 година тргна изградбата на систем за снабдување со вода,  Студенчица, а Магдески доби уште еден мандат

Инженерот Михајло Атанасоски го презеде градот во 1982  година. Го замени Трајче Лазарески. Димитар Спиркоски бил татко на градот од 1986 година. Инженерот Драган Јанушоски станал негов наследник во 1988 година со првите социјалистички штрајкови. Јанушоски ,,начекал,, сложен период, исполнет со енормно зголемување на цените на виталните животни производи и опаѓање на животниот стандард. Најжестоко го почувствува недостигот на вода во 1990 година.

Првиот плуралистички претседател беше Илија Димоски – Шаторо. Мандатот го доби со ВМРО ДПМНЕ на локалните избори. Неговите 33 одборници го избраа да биде претседател на Собранието. Секогаш оптимистички велеше дека “тешко е, но има излез”. Беше транспаренет, особено при недостигот на вода на Прилеп. Падна оти, неговите го ,,бележаа,, дека шурува со ,,комунистите,,.  Во 1994 г. ја избраа архитектката Виолета Попоска Се памети по изградбата на тротоарите на ул. ,,Моша Пијаде,, и за поддржувач на приватната иницијатива. Не куртули, иако беше либералка и симпатизерка на ВМРО – ДПМНЕ. За кусо, во градоначалничката фотелја седна Ратко Андреески. Без подолга шанса да се покажи, оти мандатот не му беше ниту една година, го препознаваа само како умерен човек.

Меѓу Димко Кокароски од СДСМ и Глигур Иваноски од ВМРО -ДПМНЕ, граѓаните се определија со тесен резултат за Иваноски на локалните избори во 1996 година. Електроинженерот замина на почетокот од новиот милениум. Докторот Сашо Пирганоски од СДСМ се заложи за пристоен живот и враќање на стариот сјај на градот. Работеше на грантот од КФВ германската банка за Прилеп за реконструкција на водоводната мрежа. Тоа што Пирганоски го сонуваше, го тргна Марјан Ристески од 2005 г.. Ја активира реконструкцијата на водоводната мрежа и ја доврши фонтаната кај Комерцијална Банка, почната од Пирганоски. Во мандатите од 12 години го претвори градот во модерна урбана средина и постави стандард за менаџирање со град. Во 2017 година го наследи ортопедот Илија Јованоски. Повеќе од половината од мандатот го мина во борба со короната. На повеќе  од половина од мандатот е актуелниот градоначалник Борче Јовчески.

Бетон за вода

Илија Димоски – Шаторот остави трага со готовноста да го забетонира главниот вентил за вода за Кичево на системот Стучеднича и неговата решеност водата да ја насочи само кон Прилеп во ,,водената криза,, на градот во 1991 година. Неговите соработници, одвај го кандисале Димоски да ја повлечи нарачката на камионски миксер бетон да се истури во главната разделна шахта на системот Студенчица кај Кичево.

Loading