НА ПОТЕГ СЕ УСТАВНИОТИ ОСНОВНИОТ СУД

Бехтел и Енка блокирани кај селото Оревоец

Жителите на селото Оревоец повеќе од 2 недели протестираат против новиот ископ за градежен камен на конзорциумот на Бехтел и Енка кој се наоѓа само на 200 метри о првите куќи од нивното село. Ти почнаа и да го блокираат патот и да не дозволуваат движење на транспортните средства на компанијата. Преку правни застапници, поднесле предлог за обезбедување на докази до прилепскиот суд. Постапката има итен карактер според законот. Судот е должен да излези на увид на лице место со вешти лица кои ќе .го утврдат степенот на загрозување на животната средина, уништувањето на изворите со вода и загрозувањето на животот на жителите. Поднесена е и претставка до Уставниот суд.

– Поднесовме иницијативата за оценка на уставноста на член 10 став 4 од Законот за утврдување на јавен интерес, со кој Бехтел и Енка се избрани како партнер на државата за проектот за изградба на патишта на коридорите 8 и 10. Се надеваме дека Уставниот суд ќе излезе во пресрет и во однос на посебниот предлог за изрекување на привремена мерка со која привремено ќе го спречи извршувањето на членот 10 став 4 од овој закон до конечно одлучување по иницијативата. Тие упатува на повреда на најмалку 3  темелни вредности од Уставот – вели адвокатот Жарко Стеваноски.

Според жителите, трајно се уништува нивниот имот и природата. Се сомневаат дека со минирањето веќе е уништен еден од изворите за вода.

– Едниот извор е веќе во опасност. Канализирана е водата и посиромашни сме за еден извор.  Зар треба да се пресечат сите 4, па да се крени гласот? Треба ли да се пресели планината, па потоа да се реагира? Не е загрозено само селото, туку и планината. Уште не е дојден моментот кога сите наши сожители ќе разберат дека сме биле во опасност. Е сега немаме вода! Тогаш ќе биде доцна. И сега доцниме. Требаше да реагираме пред 2-3 месеци – вели Дејан Ачкоски.

– Црквата е оддалечена 200-300 метри. Од експлозиите одронат е малтарот кај престолот во олтарот. Испукани се многу куќи неодамна градени –  констатира жителот на селото, Борис Наумоски.

Досега ниту една државна институција не ги контактирала жителите. Покрај игнорирањето на државата, жителите нема да дозволат понатамошни копања над селото и продолжуваат секој ден со протестите и блокадите.

Loading