ВИСОКА – МАКЕДОНСКА КРАЛСКА ПРЕСТОЛНИНА

Археолошкиот локалитет Висока кај селото Старо Бонче е значајна потврдат дека таму се наоѓала престолнината на кралството Пелагонија. Локалитетот од прва категорија крие големо археолошко богатство. Најдени се керамика, амфори за вино, масло, што говори дека обичен човек не можел да го има. Тоа е верификација дека Висока бил кралски град.

Се наоѓа на највисокиот врв на Селечка планина, на 1472 метри. Распослан е на два хектари со одбранбен ѕид. На највисокото место внатре е дворецот, изграден од големи камени блокови. Утврдено е дека датира од 4 век п.н.е.

Во подножјето, кај селото Старо Бонче се евидентнтирани остатоци од повеќе гробови, монументална гробница, околу која е најден ѕид од големи камени блокови како горе на врвот. Во Македонија нема нешто слично.

Градот може да се идентификува како античкиот, Пелагонија, престолнината на кралството Пелагонија. Остатоците говорат за владетелска големина на необичен човек. По него се трага над 165 години. Кралот на Пелагонците е споменат како донатор во Атина, дал помош во пари и во војска во 365 година п.н.е. Токму тие години се јавува благородник кој бил крал или брат на кралот. Во 363 г. п.н.е. се јавува човекот кој се вика Менеон Пелагониски. Дилема предизвикува недостигот на податоци за периодот од 1 до 3 век од нова ера. Тоа е време кога градот Пелагонија, кој по поделбата на макеоднската империја на 4 дела, бил центар, седиште на четвртиот дел. Римјаните го повластиле и им дале на граѓаните да уживаат во римското граѓанско право, да гласаат и младите Пелагонци да бидат регрутирани во рисмските легии. Регистрирани се 7 војници кои биле родени во овој град, а умреле на различни места во римското царство. На епитафите им пишува дека се од градот Пелагонија. При истражувањата отврен е хоризонт со монета на Нерон. Нема парчиња и статуи. Најдена е керамика која датира од 4 в. п.н.е, монети на македонските кралеви, драхма на Александар Македонски, потоа монети од градовите од 2 век, монети на кралевите Антигонгонат, па Деметри, монети од новата ера, од Константин, Гордиан , Нерон, па потоа Аркадиј. Има и делови од накит, од воени копја од напаѓачите… Пронајдена е една парагнатида од шлем од 3-4 век п.н.е. Таа конзервирана. Потоа квалитетна керамика од хеленистичкиот период.

Површината на локалитетот е од 350 метри должина, 100 метри ширина. Станува збор  за голем  град, плус дворецот со големите блокови. Тука живеел крал или кнез. Гробницата говори дека тој човек тука е погребан.

Во. Македонија има такви објекти само на неколку места.

Loading