ЛЕК ПРОТИВ СЛУЗ         

Овој домашен напиток гарантирано ќе ја исфрли целата слуз која се наталожила како вишок во вашиот организам.  Првите пролетни денови и променливото време носат многу бактериски и вирусни инфекции, што резултираат со кашлање и кивање поради натрупување на слузта. Овие симптоми може да ги ублажат со домашен лековит напиток.

Потребни се 1 лимон, 1-2 см корен од рен, 2 лажици мед и 3 чаши вода. Се мијат и се чистат ренот и лимонот. Лимонот се сече на 4 дела, па се мели о во блендер. Потоа се додава и ренот. Кога убаво ќе се иситнат состојките, се додава топла вода и мед. Се блендира околу 20 секунди да се изедначи и се меша смесата. Половина чаша веднаш се пие  додека напитокот е топол. Остатокот се чува во термос и се пие во текот на денот на рамномерно распоредено растојание.

Напитокот има најголем ефект наутро. После кафето или чајот се пие половина чаша, а после појадокот остатокот. Препораката е да се пие секој втор ден во текот на еден месец.

Loading