МОРКОВОТ ГО СТОПИРА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Опаѓањето на косата и слабиот корен не се ретка појава. Производите  на пазарот ретко помогаат. Најдоброто решение го нуди природата!

Руски лекари откриле рецепт за едноставна маска за јакнење на коренот на косата. Тој ја обновува косата и го спречува опаѓањето. Морковот е одличен извор на витамините бета каротен, витамин А, оти не дава само добар вид, туку влијае и на косата. Хранливите материи го подобруваат здравјето на косата, ноктите и кожата. Помагаат и во детоксикација на организмот, па и на создавањето на нови клетки.

Приготвувањето е едноставно. На ситно ренде се рендаат неколку свежи моркови, па се масира косата во коренот.Да се олесни миењето, се нанесува само сокот од блендиран морков како каша. Се остава да делува минимум 15 минути, а потоа добро се мие косата на вообичаен начин. На почетокот, маската се нанесува пред миење, најмалку 5 пати по ред. Кога косата ќе зајакне, доволно е да се нанесува рендан морков еднаш неделно. Првите резултати се забележуваат по неколку третмани.

Loading