ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (238) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Ранети на фронто

Јовчески Велјанов Ристе, српски војник во 1914 година му е скршена левата нога на планината Цер од австроунгарските пушкомитралези во Босна и Херцеговина.

На Ристески Ѓорчев Ристе Јанкоски му е откинат наполу средниот прст како српски војник близу градот Видин од страна на германската армија во есента во 1915 година.

Војникот Стојаноски Котев Илија во 1915 година есента во местото Добружа како бугарски војник е ранет од страна на румонската војска во главата, куршумот беше на осетливо место. Илија куршумот го носеше до 1972 кога Илија умре бо Марул.

Учесници марулски млади неженети на фронтовите 1914 – 1918 година

Атанасоски Стојчев Сребре Танески,

Дојчиноски Каранфил Стојан Јолески,

Јованоски Ѓорчев Јован Курелоски,

Кармак Талев Најдо маковецо раненик,

Стеваноски Огнев Трајче Гулабоски,

Со пуштање на фронто во месец ноември во 1918 година Јанкоски Ѓорчев Трајан враќајќи се од фронтот со неговиот прв братучед од тетка Плускач Трајков Павле од с. Штавица нагазиле на мина во сињорот од с. Црничани, битолско, мината експлодирала и ги разнесла на мали парчиња, а Трајан бил оженет додека Павле бил неоженет.

Оженети марулски војници 1914/18

1.Дамјаноски Ристев Дамјан женет за Митреска Ристана Декароска од с. Лопатица, прилепско, има четири деца Ѓурѓа, Стојна, Ристе, Никола, неоштетен.

2.Дамјаноски Василов Јован женет за Грујоска Бошева Таса Колеска од с. марул и детето Васил умреле.

3.Дамјаноски Василов Стојан женет за Гулеска Благуна од с. Мојно. Таа умрела, децата Васка и Милан преживеале.

4.Јованоски Ѓорчев Анѓеле Курела женет за Танеска Петра е оставил Петра вдовица, децата Мара и Димитрија сирачиња.

5.Јованоски Митрев Илија Курела женет за Милеска Петра од с. Штавица му умрело детето Јованче.

6.Јовчески Велјанов Ристе женет за Степаноска Трајана од с. Лопатица, прилепско му умрело детето и баба му Стојна кога си дошол Ристе од фронтот детето Гроздан и Ристевата мајка Стојна биле умрени.

7.Гулабоски Новачев Димитрија женет за Јанкулоска Петра од с. Подмол. Фамилијарно со децата Јован, Божин, Невена е преживеале војната.

8.Гулабоски Стеванов Огне женет за Дашоска Магда од с. Марул. Магда останала вдовица со децата Најдо, Новаче и Младен сирачиња. Огне, татко му и братот на сирачињава умреле во градот Елбасан во Албанија во 1915 година, братот Трајче.

 9.Грујоски Бошев Марко Колески женет за Јованоска Ѓорчева Грозда Курелоска. Родителите Марко, Грозда и детето Анѓеле умреле. Спаса и Цветанка останале сирачиња.

10.Јошески Цветков Божин Каралијоски женет за Ризоска Трајчева Јана Колеска од с. Марул. Божин бил српски и бугарски војник. Фамилијарно со жената Јана и децата Трајана и Елена е преживеале војната 1918.

11.Здравески Јошев Крсте галабаро женет за Степаноска Мара од с. Лопатица, прилепско. Пуштен од фронто бугарски војник на домашно лекување. Крсте дома умрел од здобиените рани. Е оставил жената Мара вдовица и детето Стојан сираче.

12.Кормак Толе Маковецот бил домазет за Мара Гулабоска во Марул. Толе од фронтот е пуштен на домашно лекување, умрел дома, е оставил вдовица жената Мара и децата Благуна, Василка, Крсто сирачиња.

13.Павлески Јованов Трајан женет за Кржеска Сирма од с. Подмол. Трајан со српската војска е префрлен на островот Крф во јужна Албанија каде гледал како му паѓала косата и кожата на српските војници измрзнати низ високите албански планини каде изумреле 60.000 српски војници. Трајан Павлески останал до крајот на војната на српско-француска страна до завршувањето на војната, си дошол дома, но не ги нашол живи жената Сирма и детето Менка.

14.Ристески Ѓорчев Ристе Јанкоски женет за Сиџимоска Кочова Спасија од с. Подмол. Кога си дошол Ристе од фронто жената му Спасија не е зачекал, била умрена во 1917, ги нашол сирачиња децата Велика и Ладе.

15.Ристески Ѓорчев Трајан Јанкоски женет за Јованоска Митрева Сребра Курелоска од Марул само пред три месеци. Враќајќи се од фронто со брачед му Плускач Павле од с. Штавица во црничанскиот сињор нагазиле на маскирана мина, експлодирала, двајцата ги разнесла. Трајан со Сребра нема потомство.

16.Ристески Јованов Стојан Мурџески женет за Јованоска Митрева Темјана Курелоска од Марул. Стојан бил пуштен од фронто на домашно лекување. Брачниов пар Стојан и Темјана умреле, а децата Видан и Блаже ги оставиле сирачиња.

17.Ристески Митрев Боне Мурџески женет за Велкоска Аргида од с. Чумово. Боне загинува српски војник, ја остава жената Аргида вдовица и детето Ивана сираче.

18.Ристески Петрев Цветан Мурџески летото во 1917 година си дошол од фронто, во таа прилика Цветан се оженил за девојка, име непознато, од Кајкијовци од с. Шелеверци. Цветан се вратил за на фронто, невестата здрава дома е оставил. Се пуштил фронто во есента 1918 Цветан си дошол дома, невестата не е нашол, умрела кај Мурџевци само што Цветан заминал за на фронто во 1917 година.

19.Стојаноски Котев Илија женет за Бозгеска Елена марулчанка преселени во с. Штавица бил бугарски војник дојден за ослободување на македонската држава, печалбар од Америка. Војувал и ранет во 1916 година во Добружа во главата. Кога се вратил од фронто во 1918 година дома во Марул го нашол детето Стојан додека жената му Елена Илица била умрена.

20.Стојаноски Котев Тодор стари Дамјановци, женет, името на жената е непознато, и од каде била исто така не е познато. Тодор кога се вратил од фронто си е нашол фамилијата целосно неоштетена. Синчето Грујо порастено.

21.Танески Ристев Велјан женет за Мицоска Божна од с. Штавица. Велјан од пред некокоја година вдовец, земен бугарски војник. На фронто тешко ранет, бил пуштен на домашно лекување. Не издржал на тешките повреди и починал дома. Децата Ордан и Димко останале сирачиња без двата родители, во рацете на стрико му Стојан и стрина му Стојаница Анѓа. Истоа така, голема помош добивале од нивната ближна комшиница Котеска Божиница Јана Колеска роднинка на Божна.

Продолжува    

Loading