ЛЕБЛЕБИЈАТА НАМЕСТО МЕСО

Леблебија, наут, варен грав, тоа се сите имиња за истата зрнеста храна, мешунка богата со протеини. Наликува на соја со светло-кафеава боја, а начините за нејзино приготвување се различни. Може да се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб, може да се јаде пржена, како семки. Наутот е одличен додаток на супите. Доколку се сомеле во блендер, со додавање на малку маслиново масло и зачини ќе добиете одлична смеса за мачкање на леб.

Леблебијата не се разликува многу од останатите мешунки. Содржи 23 отсто белковини, 58 проценти јаглехидрати и околу 5 отсто билни масла. Железото во леблебијата го победува месото дури и кога е готвена.

Плодот на ова растение влегол во историските записи во многу држави.

Loading