ЗДРАВЈЕ СО ПУКАНКИ

Пченката стана човечка храна, особено шеќерната. Житарката е богата со витамини и со јаглехидрати. Се консумира наместо леб. Добра е во борбата против холестеролот, регулирањето на крвниот притисок и за диететски режими. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини. Здрава е оти има малку маснотии. Со витаминот Ц се обновуваат клетките и се засилува имунитетот. Плус е еликсир против стареење. Б-витамините се важни на метаболизмот, додека магнезиумот е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Пченката е богата и со антиоксиданси, важни за здравјето.

Најдобро е да се јаде свежа, а не конзервирана. Најчесто се консумира како пуканки. Содржат малку калории. Се подготвуваат во микробранова печка или на малку масло во загреано тенџере.

Пуканките помогаат во борбата со ракот. Способни се да ги блокираат ензимите потребни ракот да расте. Помогаат за одржување на метаболизмот и дигестивниот тракт. Љубителите на пуканки имаат слаби шанси за дијабет. Идеални се за диета и за одржување на телесната тежина.

Loading