ГОРДАНА И СТЕВО ЗА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА 8 МАЈ

Прв круг од претседателските избори 24         

Избор на пратеници

Мнозинството од прилепчани кои го искористија загарантираното  демократско право на избор, на првиот круг од претседателските избори, за фаворит им бил кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјаноска Давкова со околу 18000 гласа. Досегашниот претседател, Стево Пендароски, кој се бори за втор мандат, како кандидат на СДСМ и коалицијата, се пласира на втората позиција со 9600 гласови. Тие ја добија довербата и двајцата ќе одат во вториот, финалниот круг, кога граѓаните едновремено избираат и претседател и нов состав на парламентот.

– Првиот круг од претседателските избори мина во фер и демократска атмосфера – изјави Валентин Божиноски, претседател на Општинската изборна комисија. 

Според неофицијалните резулати до 22 часот во средата 24 април,  понатаму следат во Прилеп, Максим Димитриевски од ЗНАМ., професорката Билјана Ванковска Цветковска од Левица. Па се кандидатот Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозиција и Стевче Јакимоски  од ГРОМ.

Инаку, во Прилеп гласаа 32 611 гласачи или 54,98 отсто, од околу 62 000 граѓани со право на глас.

Loading