ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА

Во болницата

Кампањата насловена “Спринт за имунизација” што ја спроведува Министерството за здравство, во соработка со УСАИД, според изготвен распоред, ја реализираат 70 тимови со посета на околу 3.000 семејства на невакцинирани деца со фокус на вакцинација на пертусис и морбили. 

Тим од лекар, медицинска сестра и возач при болницата, под мотото “Заштитуваме генерации” во соработка со канцеларијата на СЗО во Скопје, ја спроведува теренската имунизација во нашава општина. Беа посетени семејства со невакцинирани деца не само во Прилеп, туку и во селата Дебреште, Ропотово, Канатларци… со акцент за вакцинирање на децата кои имаат пропусти во рутинската вакцинација.

Кампањата претендира на подигнување на свеста и разбирањето за важноста на рутинската вакцинација и придобивките од вакцините за децата. 

Централниот настан ќе биде утре на плоштадот со хепенинг и промо акција за поддршка на вакцинацијата кај децата.

Министерството за здравство обезбеди средства за сите вакцинални пунктови при здравствените домови низ Македонија за достојно одбележување на неделата за имунизација со настани поврзани за промоција на вакцинирањето на најмладата популација.

-Им се порачува на родителите да не чекаат епидемија да ги заштитува децата. Затоа е нужно да се обезбеди заштита на децата. Вакцините спасуваат милиони животи. Имаме вакцини кои спречуваат над опасни 20 болести – потенцираат од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Министерството за здравство апелира родителите да ги вакцинираат децата, затоа што високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет. Со тоа се штитат децата, блиските и пошироката заедница. Вакцините се безбедни.

Секоја доза на вакцината е важна при спасувањето животи, важна за сопствена заштита и за заштита на најблиските.

Loading