ИЗВИНУВАЊЕ

До читателите на Zenit.mk,

Со ова писмо сакаме да го изразиме нашето жалење и да се извиниме за објавата со наслов „ Х 30 ГОДИНИ ЖИВЕЕ СО СИДА ВИРУСОТ” објавена на 3.2.2024 на нашиот портал.

Сфаќаме дека содржината на објавата можела да предизвика болка и непријатност, како и да има негативни последици врз приватноста и достоинството на лицето опишано во статијата. Нашата намера никогаш не била да предизвикаме вакви чувства или да нарушиме етичките стандарди на новинарството.

По примената реакција од Здружението „Заедно посилни” и по дополнително разгледување на ситуацијата, сфативме дека направивме грешка. Во согласност со тоа, објавата е отстранета од нашиот портал.

Loading