ДУРИ 24 ГОЛА НА ЕДЕН МЕЧ

Футсал

Многу голови има во футсалот. На мечот Енхалон – Победа, во салата во Струга, во 22. рунда од Втората футсал-лига на Македонија, паднаа 24 гола. Прилепскиот тим водеше 5:2 во 11. и од 10:9 во 32. минута. Последните две минути, по нерешените 11:11, во 37. минута, струшкиот тим даде два гола во 39. и 40. минута, за конечни 13:11 за Енхалон.

Синоќа Победа беше гостин на Проект во Неготино, а следен меч е дома со Университи од Тетово.

Loading