КРАЈ!

Трета лига – Југ

Иако има уште четири рунди од Третата лига – Југ, изгледа сé е познато. Борец е пред целта да биде првак и со место во баражот за погорен ранг. Велешкиот тим е фаворит на сите останати натпревари. Тешко дека ќе загуби и бод на некој во следните дуели, ако се знае дека на претходното дерби во Големо Коњари прослави висок триумф од 6:0. На полувремето беше само 1:0, но до крајот уште петпати се затресе домашната мрежа. Големо Коњари не издржа во битката, па за овој тим успех е и тоа што го направи интересно ова првенство, со првото место на крајот од есента и со подвигот во Велес, токму над Борец.

Табела: Борец 39, Росоман 36, Превалец 33, Големо Коњари 31, Питу Гули 27, Слога 22, Младост 19, Ултрас и Марена 14, Локомотива 10, Бучин 7.

Loading