ЏАФЕРОСКИ НАЈБОРБЕН

Бокс

Боксерскиот клуб Ас каде и да се појави предизвикува внимание. Успешно беше претставувањето во Скопје на манифестацијата “Мечот на шампионите”, организирана од БК Аперкат. Добри борби прикажаа кадетот Божидар Цветаноски, јуниорите Богдан Богданоски и Серхан Џафероски. Иако на финалната пресметка до 80 килограми Џафероски на поени загуби од домашниот Андреј Митров, двајцата се прогласени за најборбени вечерта.

Задоволни се и тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески.

Loading