ДИМЕСКИ ТРЕТ НА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Моделарство

Uspeh za Makedonija - Bojan DimeskiЧленот на АК Прилеп, Бојан Димески, го освои првото место за јуниори на Светскиот куп “Анатолија” во Анкара, Турција. Со овој пласман е загарантирано третото место на Светската ранг листа, бидејќи вкупно има четири победи сезонава. Претходно златото го освои во Софија, Бугарија, двапати во Прилеп на “Трофеј Прилеп” и “Светски куп Македонија”. Димески е радосен затоа што првпат од осамостојувањето некој во воздухопловниот спорт се искачува толку високо на ранг листата. До крајот на годинава претстојат куповите во Словенија и Швајцарија, каде, со поддршка на институциите и компаниите, Димески може да стигне до самиот светски врв.

Loading