ПРВИОТ БРОЈ

 

Првиот број на локалниот неделникот „Зенит“ од Прилеп излезе на 2 мај 2008 година. Од првиот примерок се етаблира на прилепскиот пазар како печатен медиум со граѓанско-либерална ориентација, но и како весник кој ги следи и објавува, респектира и потсетува традиционалните вредности.

 

Редакцијата на „Зенит“ со сите нејзини изданија брзо стана една од најдобрите редакциски куќи во Прилеп.Според сите релевантни истражувања, неделникот стана омилено четиво во многу семејства во Прилеп. Предизвикува интерес кај сите групи.

 

Составен е од рубриките политика, бизниц, пулс, живот, култура, спорт, празник, судбини и око. Се печати на 12 страници во црно бела техника и се продава за пет денари. За „Зенит“ пишуваат истакнати социолози, политиколози, професори, политичари, економисти, писатели, културни работници од Прилеп.

 

Во редакцијата на „Зенит“ работат неколку искусни новинари, фоторепортери, технички уредници. Повеќето новинари се веќе добропознати имиња за прилепските читатели. „Зенит“ досега ја организираше манифестацијата за ,,Избор на најдобара спортист на годината на Прилеп,, на која додели награди.

 

Со основањето, редакцијата создаде и добра дистрибуција. Денес, изданијата на „Зенит“, се дистрибуираат на повеќе од 50 продажни места во Прилеп и преку 15 фирми, каде го околу две илјади семејства  од Прилеп.

Основачи на весникот се Љупчо Мургоски и Светлана Ристеска.

Loading