КОРЗО ПРВАК 1972

Историја

Фудбалската екипа на Корзо беше меѓу најистакнатите во седумдесеттите години. Иако без ниту еден денар во клупската каса, убедливо го зазеде првото место есента 1972/73. Постигна дури 10 победи и само еднаш одигра нерешено. Гол – разликата е рекордна со 28 дадени и само три примени гола. На табелата со 21 бод беше пред Кадица со 15. Дербито на Могила кое го доби Корзо со 3-0 пред 1000 гледачи.

За Корзо настапуваа: Здравески, Николоски, Јовески, Маркоски, Димоски, Коруноски, Христоски, Велкоски, Соколоски, Трајкоски, Богески, Ристески, Павлоски, Михајлоски и Наумоски. Претседател беше Ристе Тренкоски.

Loading