ПРВ ТРИУМФ НА МЛАДОСТ 96

Пинг – понг

По несреќниот пораз од 5-4 со Мултитекс во Битола, екипата на Младост 96 се разигра во второто прволигашко коло и со убедливи 5-2 ја совлада скопската Пошта 2. Поените ги освоија Стомнароски и А. Рикалоски, а во тимот беше и Х. Иваноски. Следното коло е дерби со непоразениот Студент во Скопје.

Уште подобар есенски старт имаше Младост во најквалитетната Супер лига. Прво победи со 5-3 над скопскиот Телеком, а потоа на гости со 2-5 во Радовиш. Одлично се држат искусните Јованоски, Тошески, Јочкоски и Петрески со најмалиот Илиески. Следи мечот дома со Вардар.

Loading