ПЕТ ТУРНИРИ

Празнична програма

В недела на Спортскиот аеродром, клубот Фил феникс организира турнир во воздухопловно моделарство. Станува збор за Собир на пилоти на радиоуправувани модели од сите типови. Натпреварот е посветен на празникот 11 Октомври. По овој повод се одржува и одбојкарскиот кадетски – младински женски турнир во организација на ЖОК 11 Октомври. В недела во СОУ “Ѓорче Петров” покрај домаќинот учествуваат: Љуботен (Тетово), Јанков (Скопје), Мавис (Штип). Активни се и џудистите на Сеишин, домаќини на турнирот “Прилеп град херој”. В недела во СОУ “Р.Р.Ричко” ќе учествуваат пионери и кадети од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Истиот ден има и меѓународен турнир во гимнастика. Во ДГС Партизан, клубот Соколи е домаќин на гимнастичари од Скопје, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Велес, Кочани, Босна и Хрватска. Шахистите на Прилеп продолжуваат со традицијата празнични дуели со Куманово. За екипата ќе настапат: Кироски, Николоски, Ѓорѓиески, Дамчески и Готовуша.

Loading