БЛИСКУ Е ВРВОТ

Ракомет

Полека, но сигурно, екипата на машкиот суперлигаш Прилеп зема залет. Во средата ја постигна и третата есенска победа (30-22) над скопскиот тим Пролет. Тренерот Томче Петрески излезе победник во дуелот со колегата Илија Темелковски, поранешен селектор.

Претходно низ рутинска игра со 33-21 беше совладан Металург 2. Така со 9 бода мошне блиску е врвот од табелата, каде е учесникот во европската шампионска лига. Металург.

Во следното коло може да се совлада на гости Вардар јуниор, а потоа е дербито дома со Работнички.

Женскиот состав на Прилеп на 17 октомври игра дома со Ѓорче.

Loading