Новата премиера на ансамблот на театарот “Премиера во сабота” ќе биде во среда, на 10 јуни од 20 часот. Автор на текстот и режисер е добро познатиот мајстор на комедии Коле Ангеловски.
Текстот е продолжение на претходниот “Три во едно”.
– Станува збор за три различни приказни, со тоа што овојпат дејствието се случува во театар 10 дена пред премиерата. Уште траат пробите, се измислуваат сцени, сценографијата не е готова, не се стигнати парите, сé понатаму што се случува пред премиера. Пренесуваме како доаѓаме до крај на претставата, ја оформуваме и во сценографска и костимографска смисла. Така завршува со вистинска премиера. Токму и затоа насловот на текстот е “Премиера во сабота”. Публиката ќе проследи уште една урнебесна комедија на ситуации, во која ќе играат и пеат 17 актери. Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, Томе Темелкоски се погрижи за музиката, а за кореографијата Кире Миладиноски – вели режисерот.
Претставата финансиски е поддржана од Министерството за култура.