Лаври за Делириум тременс во Корча

Znacajno priznanie za Igor TrpceДве награди освои претставата Делириум Тременс или Алкохолно труење, во продукција на Театарска работилница Прилеп и копродукција на театарот “Војдан Чернодрински” на 14 интернационален фестивал на монодрамата АЛБА МОНО во Корча, Албанија, на кој учествуваа претстави од Русија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Едното признание е на мрежата на европските театарски асоцијации – НЕТА, а другото за најдобра машка улога на Игор Трпчески. Претседател на интернационалното жири на фестивалот беше Благоја Стефановски.

Актер и режисер е Игор Трпчески, а текстот е од Благоја Ристески Платнар.

 – Претставата е наменета за сите генерации и ги дефинира односите меѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално – етичките дилеми, страста и стравот – вели актерот и режисер Игор Трпчески.

Монодрамата е “театарот во театар”. Јунакот е сценски работник, кој соопштува дека нема да има претстава, затоа што актерот е во болница поради Делириум Тременс.

Претставата е работена според еден од првите текстови на Платнар од осумдесеттите години од минатиот век.

Loading