,,Премиера во сабота,, на сцена

Recisi cel ansambl za komedijata na AngelovskiНовата премиера на ансамблот на театарот “Премиера во сабота” ќе биде во среда, на 10 јуни од 20 часот. Автор на текстот и режисер е добро познатиот мајстор на комедии Коле Ангеловски.

Текстот е продолжение на претходниот “Три во едно”.

– Станува збор за три различни приказни, со тоа што овојпат дејствието се случува во театар 10 дена пред премиерата. Уште траат  пробите, се измислуваат сцени, сценографијата не е готова, не се стигнати парите, сé понатаму што се случува пред премиера. Пренесуваме како доаѓаме до крај на претставата, ја оформуваме и во сценографска и костимографска смисла. Така завршува со вистинска премиера. Токму и затоа насловот на текстот е “Премиера во сабота”. Публиката ќе проследи уште една урнебесна комедија на ситуации, во која ќе играат и пеат 17 актери. Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, Томе Темелкоски се погрижи за музиката, а за кореографијата Кире Миладиноски – вели режисерот.

Претставата финансиски е поддржана од Министерството за култура.

Loading