ТВОРБИ НА МОНИКА ДЕСОСКА НА ВИДЕЛИНА

На почетокот на мај

“Моменти низ времето” е тематската изложба на слики од Моника Десоска, што ќе биде отворена на 2 мај од 19 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”“.

Прилепчанката Десоска се претставува со серија на дела, на кои е пренесена нејзината животна ретроспектива, несебично споделувајќи ја преку свое самооткривање.

– Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето, толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни. Драматичните импулси, го откриваат уметничкиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст. Препознатливата нота на тактилниот допир, ја рекреира нераскинливата врска на слободниот дух со природата. Централната композиција го акцентира дејствието и повикува заедно да го започнеме самооткривањето. Динамиката на просторот, формата, палетата на бои и раскошната тактилна вредност, ги интригира сетилата на набљудувачот и ја буди љубопитната природа. И како што уметник вели, “ Портата на тишината нé чека…” –  вели Ана Јосифовска за делата од Моника Десоска, дипломиран уметник.

Loading