МУРАЛ НА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

На ЦК “Марко Цепенков” се црта мурал. Уметниците Ивана Самандова,  Методи Исков и Александар Џинго, како соработници, го завршуваат уметничкото дело преку фокусот насочен на величината на Марко Цепенков како и визуелно осовремување на објектот.

– Марко Цепенков е еден од најбитните и истакнати фигури во македонската историја и култура, собирач на македонски народни умотворби кои се од големо значење за македонската фолклористика, лингвистика и етнографија. При истражувањата на неговите записи, како и лични цитати, фасцинантно е што токму таа народна ризница е од безвременски карактер. И денес е релевантна од општествен, социолошки и културолошки аспекти. Една од главните идеи за муралот е да се создаде љубопитност за негување на истражувањата и врската меѓу современиот свет и историското и културното наследство како изворна инспирација и одредени тематики на работа во интердисциплираните дејности – велат уметниците.

Изработката на муралот е поддржана од Министерството за култура, со проектот “Цртај на македонски јазик” и “Јазикот коски нема, но коски крши” на визуелната уметница Ивана Самандова.

Loading