Дали овие темели, кои наликуваат на поткраната бетонска бина со столбови кои треба да крепат нешто се на гробница на војници, треба да се потврди. Меѓу храмот Св. “Благовештение” и Галеријата на икони, наоколу комбиниран мини детски еко – парк. Уреден простор со патеки со коцки – обоени како цигла, клупи за одмор нишалки за деца, контењери, мрежести канти за картони за чистота. И кренат авторитет, достоинство на жителите во околината … Дали ќе запее детски хор, ќе затанцуваат тинејџери, ќе рецитираат млади, ќе заплаче виолина на “позрели” од “бината” или пак ќе никне некој историски споменик, доследен декориран и накитен со уникатност за почит на војниците кои се верува дека почиваат тука.