“ИНФОРМАЦИИ” НА СЕКОЈ АГОЛ

“Се продава ќумур”,”Даваме бесплатно мачиња, кучиња”, “Продаваме куќа”, “Издаваме соби за студенти”, “Продаваме таксени марки”, “Вршиме компјутерски услуги”, “Продажба на дрва”, “Осигурување на лица”, “Визи за странство”, “Трибини на партии”, “Состанок на стечајците”, “Чистам оџаци”… и безброј други информативни содржини залепени на различни места. На бандери, столбови, дрвја, излози од дуќани… Се злоупотребуваат и запоставените дуќани меѓу кој и од поранешниот наплатен центар на “Електростопанство”. И на трансформаторите обично се смеат фаците на кандидати за пратениците пред избори… Прашање е колку информираат или дезинформираат. Медиумите отстапуваат место и за вакви услуги. Но,колкава е совеста, покажува и еден оглас. На портокаловата табла ставена пред Участакот, наменета за историски податоци за Музејот, некој итар се сетил да си ја понуди куќата и дворното место, преку обичен оглас залепен, на уредна огласна табла, која никој не ја одржува. Можеби некој попатен странец – минувач, ќе помисли дека културно историскиот објект се продава односно се оттуѓува и на странци…

Loading