РАСПУКАЛА СТАРА КУЌА – “ШАР ПЛАНИНА “

Прозорите стегнати меѓу мермерните танки плочи, со лик на хармоника на старата Стоковна куќа, повеќе наликуваат на привиденија. Уништени, го грдат објектот, што буди спомени. Иако, декорирани со кована ограда од вертикалните “теснеци”, сепак, треба да блесне стаклото да се постигне ефект. Мермерното руво полека попушта. Блоковите распукани, прозорците нечисти и бараат “мифка. Се памети коњчето за нишање и фотографирање со Дедо Мразовци, стариот ескалатори (скали) за повисокиот кат, а генерации се сеќаваат на вообичаениот метеж, шаренилото стока “од игла до локомотива” – од облека за старо – младо, штофови, материјали, обувки, касети, пердиња, злато, парфеми, волници, гоблени и што ли уште нé. Не се избледнети и забавите во Ресторанот Ц – 77. Спомени, од кои остануваат валкани мермери.

Loading