ИЗВИНУВАЊЕ

Имам голема причина за извинување кон вашиот весник, бидејќи не Ве поканив на промоцијата на мојот мозаик за Тоше Проески. Бевте први кои известувавте за сите добри работи, кога сите гласила беа глуви за просторот и објектот Света Великомаченик Злата Мегленска во населбата Марино Маало, кога беше доведен во прашање опстанокот. Со вашиот весник го разбудивте духот и чувствата дека се загрозени идентитетот, традицијата, обичаите. Светецот е толку голем, свет и милозлив, што не дозволува да се скриеме. Ние, малите луѓе, и со некои намерни или ненемерни потези ја навредувме вашата куќа – спасител. Таа известуваше, бидејќи сте гласило кое дава слика за судбините и животот на прилепчаните. Благословот на Светителот кон вашата куќа е сигурен и неизмерно голем. Ние малите признаваме дека згрешивме.

Ристо Тошески – уметник, жител на Марино Маало

Loading