Во ОУ “Кочо Рацин”
На 31-от регионален натпревар по математика во Крушево, учениците од ОУ “Кочо Рацин” направиле “растур”. Две први, две втори, четири трети места и пофалница е епилогот на математичкиот бој кај Мечкин Камен.
Први места освоиле Никола Гвероски од петто одделение и Јованка Костоска од осмо. Второто место го поделиле шестоодделенците Лука Кузманоски и Веселинка Илиоска. Трети биле Елена Дамеска од четврто, Нина Насеска со соученичката Стефанија Секулоска од петто и Теодора Јовеска од осмо одделение. Пофалница добил Дино Антоски.
Учествувале вкупно 160 ученици од Прилеп, Македонски Брод, Кривогаштани, Крушево и Долнени.
На натпреварот имало пет задачи што требало да се решат за два часа, а биле поделени на геометриски и аритметички. За учениците било лесно, зашто се подготвувале пред и по наставата кај менторите Јулијана Тренкоска, Павлинче Велјаноска, Димитар Дивјакоски, Рубин Кочоски, Соња Локвенец и Александра Христоска.
И менторите и учениците се задоволни, но резервирани зашто, Матеј и Јованка, во мај ги очекува државното првенство во Скопје, каде конкуренцијата ќе биде пожестока, но и вежбањето пообемно.