СЕ ПОДГОТВУВА ЦЕЛОДНЕВЕН ПРЕСТОЈ

ВО ОУ РАМПО ЛЕВКАТА“

rampo levkata

Во ОУ ,,Рампо Левката,, се создава стимулативна атмосфера за одвивање на современ воспитно-образовен процес преку доопремувањето и инфраструктурнто уредување. Покрај тоа, се интензивираат и се омасовуваат наставните и воннаставните активности за напредок и високи резултати. Поволната местоположба, добрата организација го прават училиштето едно од најубавите во градот.

За осовременување на училишниот простор и за подобрување на амбиентот и условите за настава се набавени 100 нови клупи и 200 столчиња за учениците и уште 30 столици за наставниците. Во тек се неколку проекти чие заокружување се очекува годинава. Изградено е повеќефункционално спортско игралиште на дел од дворот, уредено со нови клупи и корпи за отпадоци. Тече тендерската постапка за градба на обиколна атлетска патека. Изградена е настрешница и е поставена урбана опрема.

rampo levkata 2

rampo levkata 4

rampo levkata 3-Во соработка со локалната самоуправа се подготвува дневен престој, за задоволување на барањата на родителите чии деца учат во училиштето, со што ќе бидат згрижени и ќе можат да ги извршуваат домашните задачи под надзор на стручни лица. Така училиштето е во чекор со новите потреби кои се резултат на современиот начин на живот на учениците – вели директорката на Менче Аџиоска.

Честите еколошки акции за засадување зимзелени садници и редовното одржување на зелените површини во дворот го прават училиштето едно од најубаво уредените.

Loading