ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕ ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“

RR Ricko

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е стручно училиште кое создава кадри за производствените компании и е партнер училиште во пилот проект за т.н. дуално стручно образование според германски принцип, а прилагодено на македонски услови. Со Делегацијата на германското стопанство во земјава потпишаа меморандум за соработка. 20 ученици од електро – техничката и машинската струка ќе обавуваат практична настава во компаниите ГЕНТЕРМ, ВИК и Витаминка.

Учениците во компаниите ќе бидат обучувани од ментори во компаниите, кои ќе бидат сертифицирани за обука на ученици. Ќе добиваат и соодветен месечен паричен надоместок, а по завршувањето на средното образование ведаш ќе им биде понудена работа во компаниите каде оделе на обука. Учениците се од струките техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство.

Ucenici RR Ricko

– Со моделот на дуално образование, учениците покрај теоретското знаење по стручните предмети, ќе стекнат практична обука во компанијата, и по завршувањето на средното образовани ќе бидат подготвени да се вклучат на пазарот на трудот или во компаниите каде се обучувале. Компаниите ќе бидат обврзана да им обезбедат, превоз, топол оброк и финансиска надокнада на учениците – практиканти, но и сертификат за стекнато знаења и вештини, покрај дипломата од средно образование, што ќе им послужи, не да се врботуваат во Германија, туку како предност, за вработување со останати кандидати на домашниот пазарот на трудот, кај домашните компании. Со завршувањето на средното стручно образование ќе бидат подготвени, обучени, спремни, да се вклучат во пазарот на труд – вели Билјана Трајкоска, директор на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,.

– Овие струки, во ова образование имаат перспектива во приватниот сектор, во инвестициите во земјава. Овозможуваме останување во нашата земја – рече Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Проектот за дуално образование се спроведува во 5 градови со 100 ученици, а вклучени се 10 компании.

Loading