ЦВЕЌЕ ЗА ХЕРОЈОТ

За 76 годишнината од загинувањето на Кузман Јосифоски- Питу

kuzman

 

СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,, ја одбележа 76 годишнината од смртта на патронот. Делегации од градоначалникот Илија Јованоски и делегации од општинскиот совет, Сојузот на борците и средното економско училиште,  го закитија со букети свежо цвеќе споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот и спомен бистите во Алејата на народните херои и во училиштето кое го носи името на народниот херој.

Градоначалникот Јованоски истакна дека Прилеп се гордее со Кузман, додавајќи дека единствен начин да му се оддолжиме, покрај славењето на неговото револуционерно дело, е да ги продолжиме неговите и наши заложби за напредок и развој, преку континуирани инвестиции во училиштето и подобрување на образовниот процес на учениците.

И учениците и професорите му оддадоа достојна почит. Директорката Билјана Марковска ги потенцираше инвестициите во училиштето како реновирање на тоалетите на првиот кат, обнова на подовите, набавка на нови компјутери.

Питу е народен херој, носител на најголемите заслуги за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во државава.

Loading