ПОБЕДА ПРОТИВ ОСУММИНА ПРИЛЕПЧАНИ ВО КРУШЕВО

Фудбал: Почнува пролетниот второлигашки дел

Pobeda

В сабота продолжува првенството, односно почнува пролетниот дел, од Втората фудбалска лига, каде екипата на Победа од 8-то место влегува во борба за спасоносното 6-то место од табелата. За земање залет многу е важен првиот меч, со последното Питу Гули во Крушево. Ако се земе предвид есенскиот дуел во Прилеп, кога Победа победи само со 2-1 преку победоносен гол од пенал, може и сега да се очекува неизвесен меч.

Победа не е истата од есеноска. Покрај тренерот Крстески, доведени се играчите: Котевски, Ефремов, Симјановски, Петкоски, Анастасовски, Анѓелески, Димитриоски, Илијески-Кисески, Андреевски, Симоновски. Тимот на пријателските мечеви петпати победи, еднаш загуби. Питу Гули, иако последнопласиран, не треба да се очекува веднаш да се предаде, туку да ги вложи сите сили за поместување нагоре. Во екипата има осум прилепчани: Ристески, Петроски, Илиески, Бунтески, Сркески, Златески, Д. Димоски и Ф. Димоски. Инаку, Питу Гули и Победа за бодови играат по 11-ти пат, а во Крушево ќе се сретнат по долги 62 години.

Табела: Беласица 34, Брегалница 31, Пехчево 30, Тиквеш 27, Кожуф 26, Саса 20, Плачковица 12, Победа 11, Осогово 6, П. Гули 3.

Деспина подобра од Габрово

Женскиот фудбалски клуб Деспина зеде учество на Меѓународниот турнир во мал фудбал ,,Куп на карневалот,, во Струмица. Во младинска конкуренција, меѓу 8 тима, од кои половината од Бугарија, Деспина е трета, под  НСА Софија и домаќинот Тиверија. Третото место е добиено со триумф над Габрово.

-Сите наши девојки добија шанса и одлично одиграа. Задоволни сме од прикажаното. Вакви мечеви се добредојдени за акумулирање искуство – вели Катерина Милеска, тренер.

Викендов продолжува првенството од Женската лига, со гостување кај Љуботен во Тетово.

Loading