ОУ „СТРАШО ПИНЏУР“ Е УЧИЛИШТЕ – АМБАСАДОР

m. konjari 1

Со оддавање почит на херојот и со културни и спортски приредби учениците наставниците од ОУ ,,Страшо Пинџур,, од селото Мало Коњари го одбележаа патрониот празник. Се организира и ликовна работилница. Децата се натпреваруваа во фудбал и во други дисциплини, рецитираа, пееја и играа. На една од креативните работилница ги почести со присуството и сподели искуства во создавањето песни, поетот Филип Димкоски. На спортските мечеви дури делеа мегдан со врсниците од ОУ ,,Круме Волнароски,, од селото Тополчани, Лагово и од ОУ ,,Манчу Матак,, од Кривогаштани.

m. konjari 2

Инаку, училиштето е едно од шесте во земјава кое ги промовира просоцијалните вредности, емпатија, солидарност, другарство, помагање… Поради тоа е и добитник на плакетата – амбасадор – училиште, со што стана дел од европската заедница Nobody less community

m konjari 4

Последниве денови децата од оваа рурална средина се преокупирани со развивање на креативноста, инспирирани од денот на мајката, жената, Осми Март. Поттикнати од наставницита, ја активираа бујната фантазија и имагинација и подготвија инвентивни празнични честитки.

m. konjari 3

Loading