ОДБЕЛЕЖАНА 102-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ

jane 0

За 102 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски -Јане, делегации од Општината, Совет, ООУ ,,Кире Гаврилоски -,Јане,, и семејството на херојот, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на местото на неговото загинување, како и пред спомен бистата во Алејата на народните херои.

jane 1

-Го чествуваме раѓањето на нашиот партон, херој, човек од едно поинакво време во кое се родил, пораснал, се борел и загинал. Евоцираме спомени за херојот од бурниот историски период, во кој со своето револуционерно дело ја направи посветла историјата на овој град и на оваа земја. Само со знаење, стекнување на нови вештини може да се освојуваат нови хоризонти. Нашите ученици се силата и иднината на нашата земја. Наша обврска е да обезбедиме квалитетни услови за одржување на наставата и  повисоки стандарди во училиштата. На тој начин ќе создадеме цврст темел на образованието, виза за успешна иднина. Тоа е наша должност. Делата на народниот херој продолжуваат да пулсираат во срцата на сите вработени и сите ученици од ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,, – посочи Кети Стевананџија, директорка на основното училиште кое го носи името на народниот херој.

jane 2

Гаврилоски е роден во Прилеп на 22 февруари 1918 година, како трето дете во семејството на Сава и Алекса Гаврилоски. По окупацијата на Македонија, Гаврилоски активно се вклучил во револуционерната дејност. Загинал на 9 мај 1944 година, заедно со Круме Волнароски, откако куќата во која се одржал состанок за создавање фронт за ослободување на Македонија, била опколена и запалена од бугарската полиција.

jane 3

Loading