НАЈМНОГУ МЕДАЛИ ЗА ТЕХНИЧАРИТЕ

Во ОУ “Климент Охридски”

На општинскиот натпревар за млади техничари организиран од Народна техника, учениците од ОУ “Климент Охридски” го распослале знаењето и заслужно се вратиле со 14 медали и една пофалница. Најбројни биле првите места, шест, втори – пет и три трети.

Неприкосновена во применета физика била Елена Спиркоска, со менторот Лидија Карапееска, која со осветлена топка со ЛЕД диоди ја воодушевила комисијата. Прво место во Применета математика добила Меланија Мицеска со менторот Моника Богданоска, која прецизно пресметала геометриски волумен на спортски игралишта и ја пресметала нивната цена. Теодора Петкоска, со менторот Цветанка Јочкоска, пак, во Применета хемија практично, со експерименти ја утврдила цврстината на водата. Изненадување приредила Теодора Тасевска со менторот Соња Петреска, “оживувајќи” го мини – вулканот Везув кој автентично излевал “лава”. Бојана Тодороска со менторот Наташа М. Михајлоска, по Применета биологија го прикажала развојниот циклус на т.н. Печурка на животот, која има многу лековити својства. “Камерманот” Анастасија Бошкоска со менторот Јулија Талеска, снимила домументарец за училишната драмска секција кој го снимала цела недела, а го монтирала цел ден.

Со втори места се закитиле осмоодделенците под менторство на Златко Николоски, за Астрономија, Ивана Дамеска, за Астронаутика, Ивана Адамческа, за Градежништво и архитектура Антонио Илиоски, за Конструкторство, Александар Здравев и за Метеорологија, Деспина Сиљаноска.

Трети места добиле Симона Илиоска за Агротехника, за Компјутерска техника, Катерина Паскоска и за Метеорологија, Филип Ефтимџиоски.

За проектот по Екологија пофалена била Александра Гагалеска.

Loading