НОВИ ХИТ АВТОРИ В БИБЛИОТЕКА

Библиотеката “Борка Талески” по посетата на Самот на книгата, ќе се поднови со над 300 книги популарна литература и лектирни изданија од повеќе издавачки куќи.

Дел од новата атрактивна белетристика првпат  на македонски се “Домаќинот” од Стефани Маер, “Книга на љубовта” од Кејлин Мекгован, “Повикај го Ромео” од Александра Потер, “Гробницата од императорот” од Стив Бери, “Осамениот орел” од Даниела Стил,  неколку наслови од Синди Шелдон…

Нема да изостане ниту стручната и другата лексикографска литература и речниците.

– Од саемската понуда интересни наслови сметавме дека е нужно да набавиме избор на новини, кои за брзо време ќе им бидат ставени на располагање на читателите – вели директорот Петар Петрески.

Loading