“ВРАЌАЊЕ” ОД ПИНТЕР НА СЦЕНА

МДС со нова премиера

“Враќање” е новата претстава која Младинското драмско студио ,,Чин 4, Сцена 5” при ЦК “Марко Цепенков”, премиерно ќе ја изведе в среда од 20 часот. Режијата е на Андреј Богатиноски на текст од Харолд Пинтер. Ќе играат Дарко Карбески, Марио Стојаноски, Александар Аризанкоски, Исидор Јованоски, Гоце Трајкоски и Наталија Ристеска. Музиката е на Дамјан Чкатроски, а  светлото на Јордан Чавлески.

“Враќање” е камерна претстава која е за 100 луѓе.

– Тоа е театар на апсурд, со идеја и коментар за сексуалната доминација на жената врз мажот во современото општество – вели режисерот Богатиноски.

Loading