ДЕЛА ОД КАВАДАРЕЧКАТА КОЛОНИЈА МИХАЈЛОВО

Во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,,

Изложба на 22 дела од 20 уметници од кавадаречката колонија “ Михајлово” (избор од 2011 и 2012) ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. На изложбата, која ќе ја отворат градоначалниците Марјан Ристески и Александар Панов, во рамките на културната соработка меѓу двата града, ќе можат да се видат делата на Трајче Блажевски, Татјана Медарова, Тони Чатлески, Виталиј Бондаренко, Светлана Ковтун, Ана Јанева… од Македонија, Украина, Бугарија…

Сликарите, како што вели Ефтим Клетников, застанати пред белиот метафизички простор на платното да го исполнат инспиративно, ја покажале моќта на својот талент со обоените соништа и возбудливи ликовни фантазии.

Loading